Филм и животен стил

Hilary Swank се сврши

Актерката Hilary Swank се сврши со своето момче, тенискиот тренер Ruben Torres.

41-годишната Оскаровка веста ја сподели преку Инстаграм: “Бевме на планинарење и еве што се случи. Среќна сум што можам да ја споделам со вас свршувачката со мојот драг Ruben.“

Запросувањето се случило во Палм Спрингс, Калифорнија, изминатиот викенд. Двојката се забавува од минатото лето, а првото заедничко појавување во јавноста го имаше во декември 2015.

Ова ќе биде втор брак на Swank. Таа се разведе од актерот Chad Lowe во 2007, после 10-години минати во брак.

24.03.2016
Музички времеплов
  • 2001 - UK No.1 Atomic Kitten 'Eternal Flame'
  • 1978 - Саундтракот од филмот „Брилијантин“ доаѓа на првото место на американската албумска листа. John Travolta - Greased Lightning
  • 1974 - Членката на Mamas And The Papas, Cass Elliot умира од срцев удар
  • 1973 - Led Zeppelin губат 180.000 долари во кеш, откако крадец им го ограбил сефот во кој биле заработените пари од два концерти во Madison Square Garden.
  • 1987 - Во Мичиген прогласен е 'Four Tops ден', како признание за придонесот на групата во американската музика.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје