Спортски Вести

Вардар победник на Кањижа купот

Ракометарите на македонскиот првак Вардар го освоија првото место на Кањижа купот, откако синоќа во финалето го совладаа унгарскиот тим ПИК Сегед со 22:19 (11:9). Со овој триумф „црвено-црните“ им се реваншираа на Унгарците за ланскиот пораз во финалето на истиот турнир. Претходно Вардар во рамките на групата ги победи екипите на Горење (30:24) и на Партизан (40:28).

Најефикасен на финалето беше играчот на Вардар Игор Карачиќ со 7 голови, а воедно ја доби и наградата МВП (најкорисен играч) на турнирот, додека голамнот Арпад Штербик беше прогласен за најдобар голман.
Во дуелот за третото место Нексе го победи Горење со 24:22

17.08.2015
Музички времеплов
  • 1958 - Роден е Simon Le Bon од Duran Duran.
  • 1988 - Филмот на U2, 'Rattle And Hum', добива светска премиера во Даблин.
  • 1989 - Басистот на U2, Adam Clayton, е казнет за возење во пијана состојба и над дозволената брзина. На истиот ден во 98-ма и еротската моделка и пејачка, Samantha Fox, уапсена е поради возење во пијана состојба.
  • 1990 - Michael Waite од Musical Youth добива 5 години затворска казна поради кражба.
  • 1977 - UK No.1 Baccara 'Yes Sir, I Can Boogie'
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје